Се скенира состојбата во културата
Foto

Се скенира состојбата во културата

Министерот за култура, Хусни Исмаили, ја скенира состојбата со културните институции во државата. Проверува дали општините се подготвени да ги преземат ингеренциите и сами да менаџираат со овие институции. Клучна според градоначалниците е финасиската стабилност  за што бараат и поголем процент од ДДВ и персоналниот данок, но и културните институции да ги добијат без долгови и со јасна стратегија за средствата што како дотации би ги добивале од државата

Паралелно со скенирањето на состојбата Министерот за култура, заедно со вработените во овие институции разговара и за приоритените проекти. Нивните комисии веќе работат на дел од предлозите  за тие да најдат место во годишната Програма на Министерството за култура.

Ако се разрешат дилемите и се утврдат новите насоки втората фаза од децентрализацијата би можела да започне од 2020-та година. 

Досега процесот оптоварен со наследени проблеми телче бавно, а општините се уште ја чекаат новата формула  со која ќе се пресметува висината на блок дотациите што ги добиваат од државата.Според најавите од Министерството за локална самопурава се работи и на Стратегија за подобрување на општинските услуги и зголемување на граѓанското учество.

0 Коментари

Остави коментари