Се продлабочува кризата меѓу Турција и Европа
Foto

Се продлабочува кризата меѓу Турција и Европа

Се продлабочува политичката криза меѓу Анкара и западните држави по одлуката на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, да побара прогласување за персона нон грата на амбасадори од 10 држави, меѓу кој и шефот на дипломатската мисија на САД.

Турското Министерство за надворешни работи се уште не ги спровело инструкциите на Ердоган, кои ако се остварат, може да доведат до најголемиот спор меѓу Турција и Западот во 19-те години откако Ердоган е на власт.

Земјите чии дипломати би можеле да бидат протерани, се уште не презеле драстични мерки. Претседателот на Европскиот парламент Дејвид Сасоли ги оквалификува акциите на Анкара како авторитарна тенденција а Финската премиерка Сана Марин одлуката на турскиот претседател ја оцени како тажна ситуација.

„Сметавме дека е важно да се почитуваат и спроведат одлуките на Европскиот суд за човекови права и затоа повикавме на ослободување на овој активист за човекови права.“ - изјави Сана Марин - премиерка на Финска.

Во меѓувреме, силни осуди пристигнуваат и од домашните противници на Ердоган. Лидерот на Републиканската народна партија Кемал Киличдароглу вели дека со оваа одлука, Ердоган се обидува ги оправда грешките што доведоа до тешка економска ситуација во земјата. Турската лира достигна рекордно ниско ниво а само годинава загуби речиси четвртина од вредноста. 

„Одлуката за ваквиот потег не е да се заштити националниот интерес туку да се сокрие уништувањето на Турската Економија.“ - изјави Кемал Киличдароглу  - претседател на Републиканската народна партија на Турција.

Ердоган неодамна побара земјата да ги прогласи за непожелни амбасадорите на десет земји, кои побараа ослободување на Осман Кавала од четиригодишниот притвор. Според преставници на државите,  судењето на Кавала „фрли сенка“ врз демократија, владеење на правото и транспарентноста во Турција.

Кавала, е обвинет за финансирање протести низ целата земја во 2013 година и за вмешаност во неуспешниот државен удар во 2016 година.

0 Коментари

Остави коментари