Се помалку првачиња во Источна Македонија – трендот зема замав
Foto

Се помалку првачиња во Источна Македонија – трендот зема замав

Иселувањето и негативниот прираст во општините ги празни училишните клупи на истокот. Годинава во уписниот рок во мај во прво одделение се запишале 11 паралелки помалку од планираното. 

Во бројки тоа значи дека наесен на училиште ќе тргнат помалку над 300 деца. Во најголем минус е Штип. Нешто подобра е состојбата во Кочани, каде бројот на запишани првачиња е блиску до планираното. Но и таму има проблем во селата, само од Оризари годинава се иселиле 16 семејства.

Градоначалниците се сложуваат дека состојбата е алармантна. Велат потребни се мерки за запирање на миграцијата. Прв чекор е подобрување на условите во селата и зајакнување на месните заедници, што би значело граѓаните поактивно да се вклучат во решавање на сопствените проблеми, но и реформи во образованието.

Трендот на намалувањето на жителите на Истокот секоја година пред општинските совети става барања за формирање на паралелку со помал број на ученици. Во руралните средини тоа со години значи комбинирани паралелки, а се почесто и клуч на врата за тамошните училишта.

 

0 Коментари

Остави коментари