Се намалува бројот на заболени од ТБЦ, но нема доволно специјалисти
Foto

Се намалува бројот на заболени од ТБЦ, но нема доволно специјалисти

Двесте и седумнаесет лица лани заболеле од туберколоза. Тринаесет починале, а годишно и по десетина деца се дијагностицираат со ова заболување. Надлежните се пофалија дека бројот на пациенти во Македонија во последниве 10 години постојано се намалува, но за да се одржи овој тренд, потребен е кадар и континуирана здравстена заштита на населението. Од Инситутот за ТБЦ предупредуваат дека надвор од Скопје има недостаток од специјалисти кои работат со пациенти со туберколоза, а дополнителен проблем е и тоа што нема посебна катедра, каде здравствените работници ќе се едуцираат за ова заболување. 

„Две основни прашања бараат решение. Кој е профилот на здравствените работници кои ќе се вклучат во контрола на туберкулозата и како ќе се продолжи со додипломската и специјалистичката настава на Медицинскиот факултет за едукација за туберкулоза која постои во незначителен сегмент без вклучување на Институтот за белодборни заболувања и туберкулоза.“ - Арбен Љабеништа - Директор на Институт за белодробни заболувања и ТБЦ – Скопје. 

Најалармантно е во Источна Македонија. Проблемот со недостатокот од овој кадар ќе се решава на тој начин што интернисти ќе ги лекуваат пациентите со туберколоза.

„Направени се разговори со Министерството и трасиран е пат за да се надмине проблемот. Лекарите интернисти ќе треба да ги преземат овие обврски и во својата работа би се занимавале и со проблемите кои ги носи туберкулозата. Најголем проблем околу организациската поставеност постои во источниот дел на државата каде е најмал бројот на болните. Во одредени општини годишно се регистрираат три четири случаи, но и за овој мал број регистрирани случаи мора да постои континуирана здравствена заштита“ - изјави проф. д-р Билјана Илиевска Поповска - Институт за белодробни заболувања и ТБЦ.

Во светски рамки, во 2017-та година, 10 милиони лица се разболеле од туберколоза, а близу 2 милиони починале како резултат на ова заболување.

0 Коментари

Остави коментари