Се крои нов закон за работни односи, но по чиј терк?
Foto

Се крои нов закон за работни односи, но по чиј терк?

Ниски плати, високи трошоци, неплатен труд, дискриминација – во 21. век македонскиот работник на мака како да го помине денот. Во странство ценет и платен, во земјава дефицитарен.

Состојбата со работничките права и во пресрет на овој први мај непроменета! Синдикатите велат најлошо е во текстилството и кожарството. Се крои нов закон за работни односи, но по чиј терк? Новото законско решение чека да поминат изборите.

За проблемите кои го мачат работникот и за неговите права дебатираме со Дарко Димовски – Сојузот на синдикати, Кристина Ампева – од „Гласен текстилец“, Мирјана Алексевска - раководител во Министерството за труд и социјала, Миле Бошков - претседател на Бизнис конфедерацијата на Македонија.

0 Коментари

Остави коментари