Се ближи крајниот рок до кој заинтересираните компании ќе може да се пријават на тендерот за универзален снабдувач
Foto

Се ближи крајниот рок до кој заинтересираните компании ќе може да се пријават на тендерот за универзален снабдувач

Се ближи крајниот рок до кој заинтересираните компании ќе може да се пријават на тендерот за универзален снабдувач. 12 декември е крајниот рок за пријавување откако беше пролонгиран по консултации со енергетската заедница.

Право за учество имаат сите компании што имаат лиценца. Интерес за преземање на домаќинствата покрај ЕВН пројави и ЕДС, компанијата која беше во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев, а неодамна ја продаде на државното Електростопанство ППЦ.

Доколку оваа компанија добие на тедндерот, граѓаните ќе се снабдуваат со струја од грчкото електро-стопанство во следните 5 години почнувајки од март 2019.

Граѓаните во иднина ќе добиваат 2 сметки, една за дистрибуција кон ЕВН дистрибуција и една за снабдување кон снабдувачот што ќе го добие тендерот.

Првиот човек на Регулаторната комисија неодамна изјави дека има заинтересирани компании за добивање лиценца, но не сакаше да открие за кои компании се работи.

0 Коментари

Остави коментари