СДСМ: Владата изгради 69 градинки, предвидени се уште 13 до крајот на годинава

Елена Устамитова, претседателка на комисија за труд и социјална политика на СДСМ денеска информира дека за само пет години владата предводена од СДСМ успеа да изгради, реконструира и догради 69 детски градинки низ целата држава, со што опфатот на деца во градинките се зголеми за 4.300 дечиња. Таа појаснува дека до крајот на годинава предвидено е отворање на 13 нови објекти на детски градинки со капацитет за 1.360 деца.