СДСМ: Пратеникот Стевананџија да поднесе оставка
Foto

СДСМ: Пратеникот Стевананџија да поднесе оставка

„Пратеникот Стевананџија кој се заканува со бесилки на граѓани, да поднесе оставка затоа што не е достоен за функцијата што ја извршува. Како што им станува јасно на ВМРО-ДПМНЕ дека не можат да ги одбранат криминалците, така се повеќе расте нервозата во белиот дворец.Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија на социјалната мрежа Твитер во комуникација со граѓаните, отворено се заканува со бесилки и шири говор на омраза што е недозволиво за човек што треба да ги претставува граѓаните во Собранието“ соопштија денеска од владејачката СДСМ.

Ставот на партијата е дека „Стеванаџија бесрамно и скандалозно шири говор на омраза и заплашува граѓани со бесилка, само затоа што некои од имаат различни ставови од него. Таквото однесување на Димитар Стевананџија покажува дека не достоен да ја извршува функцијата пратеник и затоа тој мора веднаш да си поднесе оставка“.

„Повикуваме, за овој случај да се произнесе и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, а пратеничките групи, особено на ВМРО-ДПМНЕ да го осудат ваквото однесување на нивниот пратеник Стевананџија. СДСМ осудува каков било вид на закани, уцени и притисоци заради јавно искажан став. Тоа е недозволиво во држава што неговува демократски вредности, а особено загрижувачки е што таквите закани доаѓаат од страна на членови на највисокиот Законодавен дом“ - велат од СДСМ.

0 Коментари

Остави коментари