СДСМ: По години уназадување, економијата во 2018 година тргна во вистински правец
Foto

СДСМ: По години уназадување, економијата во 2018 година тргна во вистински правец

„Економијата е раздвижена, расте индустриското производство, зголемен е бројот на работници во индустријата, 2019 ќе биде година на раст и развој. По години уназадување, економијата во 2018 година тргна во вистински правец, растеше бруто домашниот производ, расте индустриското производство и извозот, повеќе пари завршуваат во секое семејство“, велат од СДСМ.

Од партијата велат дека „За време на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ економијата беше во пад. Денес, година и половина подоцна, економијата расте и тоа во два последователни квартала. Во вториот квартал од 2018 година, економијата односно бруто домашниот производ порасна за 3,1 отсто. Во третиот квартал растот е 3 отсто. Покрај БДП, расте и индустриското производство. Последните објавени податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека индустриското производство во ноември е зголемено за 4,9 отсто во однос на ноември 2017 година“.

„Позитивните економски  трендови влијаат на отворање нови работни места и зголемување на бројот на работници. Бројот на работници во индустријата во ноември е зголемен за 3,5 отсто во однос на ноември 2017. За периодот јануари – ноември 2018 бројот на работници во индустријата е зголемен за 6,3отсто во однос на истиот период од 2017 година. Ова се само дел од економските показатели што ја докажуваат успешноста на политиките на Владата предводена од СДСМ.  Буџетот за 2019 и интензивирањето на евроинтегративниот процес позитивино ќе влијаат на забрзан економски раст, нови работни места и повеќе пари кај граѓаните во новата 2019 година“ - потенцираат од СДСМ.

 

0 Коментари

Остави коментари