СДСМ: Нов раст на платите во обрзованието
Foto

СДСМ: Нов раст на платите во обрзованието

„Владата предводена од СДСМ во континуитет покажува и докажува дека вистински се грижи за сите граѓани. Уште една потврда за тоа е последното покачување на платите на вработените во основното, средното и високото образование од 10 проценти од 1 јануари 2020 година“ велат од СДСМ.

Ставот на партијата е дека „ова воедно е трето покачување на платите на наставничкиот кадар,  откако претходно две години по ред со септемвриските плати добија покачување за околу 5 отсто“.

„Наставниците за еден нецел мандат на Владата предводена од СДСМ, добиваат повисоки плати за 20 отсто. За поместувањето на исплатата за три месеци, во јануари наместо во април како што беше претходно предложено, во Буџетот ќе бидат одвоени дополнителни 1,4 милијарда денари“ - велат од партијата.

0 Коментари

Остави коментари