СДСМ: Мицкоски се плаши и избега од брзи предвремени избори во декември
Foto

СДСМ: Мицкоски се плаши и избега од брзи предвремени избори во декември

„ВМРО-ДПМНЕ се единствените кои посветено работеа против интеграција во НАТО и ЕУ, против реформите и напредокот на државата. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се единствените што се радува и аплаудираа на историската грешка на ЕУ, затоа што сакаат државата да ја вратат назад во изолација и неизвесност“ велат од СДСМ.

Од партијата со став дека „без визија, без конкретна програма и цел, ВМРО-ДПМНЕ го очекува вистински дебакл на предвремените парламентарни избори. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се исплашија и побегнаа од брзи предвремени избори во декември“.

„Коалицијата на Христијан Мицкоски го менува само името, а во суштина ништо не се менува. Тоа е Коалиција за обнова на режимот, на криминалот и изолацијата. СДСМ и Коалицијата што ја предводи се фаворите на предвремените избори, на 12-ти април граѓаните ќе гласаат за напредок, за развој, за интеграција, на 12 април граѓаните ќе потврдат дека државата е на прав пат!“ - велат од СДСМ.

0 Коментари

Остави коментари