СДСМ: Мицкоски побегна од лидерска но нема бегање од правдата
Foto

СДСМ: Мицкоски побегна од лидерска но нема бегање од правдата

Мицкоски побегна од лидерска средба но нема бегање од правдата. СДСМ докажа дека за нас криминалот не познава партиски и бескомпромисно сме за борба против криминалот и корупцијата. Затоа, како што најави премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, идната недела до Собранието на Република Северна Македонија Владата ќе предложи нов текст на Законот за Јавно Обвинителство. 

Специјалното Јавно Обвинителство се интегрира со досегашното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и добива нов назив. Сите случаи кои се пред судовите, за кои СЈО е надлежно согласно закон, ќе ги продолжи и ќе ги застапува пред надлежните судови новото ЈО. 

Тоа е во интерес на граѓаните и државата. - се вели во соопштението на СДСМ.

 

0 Коментари

Остави коментари