СДСМ ќе го стимулира наталитетот преку поволности во проектот на ВМРО-ДПМНЕ „Купи куќа – купи стан“
Foto

СДСМ ќе го стимулира наталитетот преку поволности во проектот на ВМРО-ДПМНЕ „Купи куќа – купи стан“

Владата ќе го зголемува наталитетот во земјата со проектот на ВМРО-ДПНЕ Купи куќа, купи стан. Ќе дава дополнителни субвенции доколку младите го зголемат семејството и родат или посвојат дете во рок од 10 години од добивање на кредитот. За секое дете, државата ќе плаќа 30 насто од ратата цела една година. Во законот што Министерството за финансии веќе го достави до Собранието, нема ограничување за колку деца, родителите ќе бидат субвенционирани од државата на овој начин.

„По примерот на Хрватска, таму успешно се спроведува, за секое новородено дете или посвоено, во периодот на субвенционирањето, додаваме дополнителна субвенција годишно од страна на државата. Ако има две деца, родени во периодот кога е земен кредитот, ќе има две дополнителни години субвенционирање од страна на државата,“ - изјави Драган Тевдовски, министер за финансии.

Проектот во 2011 година го започна поранешниот министер за финансии Зоран Ставески, кој една година подоцна доби и интерпелација од тогашната опозиција, меѓу другото и поради, како што СДСМ тогаш тврдеше, неуспешниот проект Купи куќа, купи стан. Откако дојде на власт, сега СДСМ тврди дека овој проект е добар. За оваа година одвоила 2 милиои евра.

„Никогаш не бил прекинат проектот, имало период кога заради законски услови имало успорување.“ - изјави Тевдовски.

Банките ќе продолжат да соработува и со оваа Владата за овој проект иако тој е директна конкуренција на нивните станбени банкарски кредити.

„Ние и како опшетствено одговорни банки влегуваме во тој проект да покажеме одредена солидарноста за одредени луѓе кои не може да купат стан. Ние сме подготвени да работиме на рентабилна нула, само да покажеме дека банките се општествено одговорни и мислат на граѓаните, не само да бидат нападнати дека прават профити.“ - изјави Коста Митровски, претседател на Македонска банкарска асоцијација.

Со новите законски измени се намалува каматата, се воведуваат нови модели за субвенционирање и се ограничува големината на станот или куќата на максимални 150 квадратни метри, со цел Владата да не финансира луксуз. Измени на законот предложи и пратеникот Илија Димовски, кој бараат цената на станот да може да надмине 900 евра за метар квадратен, за да се спречи лажно прикажување на цената на атрактивни локации.

0 Коментари

Остави коментари