СДСМ: Изборите беа фер и демократски, очекуваме победа на Пендаровски
Foto

СДСМ: Изборите беа фер и демократски, очекуваме победа на Пендаровски

Александар Кирацовски на првата прес-конференција по половина час од затворањето на избирачките места изјави дека Стево Пендаровски е во водство и дека очекува победа. Тој додаде дека изборниот ден поминал во мирна и демократска атмосфера порачувајќи никој да не се обидува преку лажни вести да бара оправдување за резултатот.

„Граѓаните масовно и достоинствено излегоа на овие демократски избори. Се надеваме дека овие избори за претседател на државата и по објавувањето на резултатите ќе финишираат во демократска атмосфера“, рече Кирацовски.

Како што рече, тој очекува за околу час и половина да ги имаат конечните резултати.

0 Коментари

Остави коментари