СДСМ: Исправи се Мицкоски, време е да го исполниш ветувањето за оставка
Foto

СДСМ: Исправи се Мицкоски, време е да го исполниш ветувањето за оставка

Од СДСМ пак преку соопштение го повикаа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан  Мицкоски  да го исполни ветувањето за оставка ако ги загуби изборите или ако не направи  влада.

Оттаму велат дека Мицкоски немал став за најкрупните политички прашања важни за државата, па почнал и да заборава и да гази врз клучни работи кои самиот тој јавно ги кажал. Според СДСМ постигнатиот договор е  втемелен на силни принципи и поделба на одговорности  и во полн, четиригодишен мандат ќе испорача резултати пред граѓаните.

0 Коментари

Остави коментари