СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во клинч за предвремените парламентарни избори
Foto

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во клинч за предвремените парламентарни избори

Изборите повеќе не се тема на дискусија. Избори ќе има на 5 ти јули дециден е лидерот на СДСМ Зоран Заев откако денеска на прес конференција одговарајќи на новинарски прашања на тема избори посочи дека направиле доволно отстапки, независно дали тоа и одговара на опозицијата или не.

Заев вели најблиску до постигнување компромис за датум биле претходната недела но им порачува на ВМРО-ДПМНЕ дека без функционални институции државата ќе има застој на секое поле.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат апсурдно е во овие услови Заев да планира избори. Со обвинувања до Бихаќка дека како што велат поради лошото менаџирање на владејачката СДСМ со кризата тие се потенцијална опасност и за граѓаните.

Од ДУИ пак велат дека датумот за избори мора да се донесе со консензус додека од ДПА пак со обвинувања на адреса на интегративците дека како партија во власта лошо менаџирале со корона кризата за време на Рамазан, но лидерот на ДПА Тачи смета дека е добро изборите да бидат организирани на 5 ти јули.

Ставот на Беса пак беше компромис но истот ака сметаа и дека треба да се искористи првиот погоден термин додека Алијанса и Алтернатива на последната лидерска предложија датум кон крајот на јули но исто така ја обвинуваат и ДУИ дека тактизира со двете најголеми партии од македонскиот блок за да си ги зачува позициите во власта.

0 Коментари

Остави коментари