Сашо Мијалков е во притвор во Шутка, доби 12 години за „Таргет-Тврдина“
Foto

Сашо Мијалков е во притвор во Шутка, доби 12 години за „Таргет-Тврдина“

„Никој не е недопирлив“. Ова е пораката која ја испрати судијката Џенета Бегтовиќ за скандалот со нелегалното прислушување. Шест години по објавувањето на првата бомба од „Бихаќка“ отпочна судската разврска. А некогаш најмоќниот човек во државата Сашо Мијалков заврши во притвор.

Сашо Мијалков формирал злосторничко здружување, ја злоупотребил службената положба и примил награда зашто противзаконски влијаел да се прислушува цела држава, гласеше пресудата. Тој мирно ги следеше судиите кои ја читаа одлуката два часа, а меѓу присутните во судницата беше и неговиот син Јордан Мијалков.

Адвокатите не се задоволни од висината на казните и епилогот на овој случај кој се водеше под кодно име „Таргет-Тврдина“.

Мијалков може да остане најмногу два месеца во притвор, а адвокатите веќе ја подготвуваат жалбата.

Шврговски нема информации каде бил неговиот клиент во тие два дена додека го бараше и Интерпол. Ристовска за првпат во јавноста од случувањата со бегството образложи дека во текот на судскиот процес ниту таа, ниту колегата Трајче Пеливанов не знаеле дека Сашо Мијалков сака да бега.

Освен за прислушувањето, на оваа група обвинети им се судеше и дека ја уништиле опремата со која се следеле комуникациите. Одлуката за уништување на системот во УБК е донесена во период кога почнаа да пукаат бомбите во 2015-та, а во документите се лажирал датумот, како да е донесена одлука во 2014-та. 

Овој случај беше крунски за основањето и постоењето на некогашното Специјално обвинителство.

0 Коментари

Остави коментари