САНАЦИЈАТА НА МОСТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е НЕПОХОДНА ПОРАДИ БЕЗБЕДНОСТА НА ГРАЃАНИТЕ
Foto

САНАЦИЈАТА НА МОСТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е НЕПОХОДНА ПОРАДИ БЕЗБЕДНОСТА НА ГРАЃАНИТЕ

Мостот „Гоце Делчев“ за градот Скопје претставува срцето на градот во делот на сообраќајот за граѓаните. Овој мост од неговата градба па до денес подлежел на пропусти во однос на надзорот за безбедна конструкција вели професорот од Градежниот факултет, Горан Марковски. Сега санацијата на мостот ќе трае 40тина дена а Марковски вели разбирливо е граѓаните да се револтирани, но итноста од санација е многу поважна.

Појаснува дека мостот дополнително е оптоварен со новата ограда и канделабрите што смета дека не соодвестуваат на времето и изгледот на мостот. Професорот појаснува дека обидот на градот да го санира мостото е одличен потег и во вистинско време. 

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов вели дека долгогодишната негрижа на градските власти кон мостовските конструкции може да доведе до посериозни катастрофални последици. Ги повика граѓаните на разбирање појаснувајќи дека санацијата на мостот сама по себе е од голема важност за секој еден граѓанин кој сообраќај на мостот. Шилегов појаснува дека анализата која што ја направи Град Скопје покажала на итност кон санирање на дилатационите спојки кој ако сега не се санираат ќе доведат на подолг временски период до несакани последици како што беше случајот мостот во Италија.

Архитектите, планерите, градежниците и останатите експерти со кој стапи во контакт ТВ 24 појаснуваат дека оправданоста на нервозата на граѓаните е минорна кога е во прашање нивната безбедност. За санацијата на дилатационите спојки кој се важен сегмент во конструкцијата на мостот експертите велат дека истите се од преголема важност за еден таков мост кој го врзува градост со останатите околни места. За санацијата ќе бидат потрошени близу 64 илјади евра, пари од буџетот на град Скопје.

Десет години по катастрофалниот земјотрес на градот Скопје, истиот се соочил со потребата од нови сообраќајни елементи кои ќе овозможат полесна регулација на сообраќајот. Па така, во 1973-та година изградене е овој мост кој е оценет како специфичен по своите архитектонско – градежни особености за своето време. Истиот го носи името на националниот херој Гоце Делчев.

0 Коментари

Остави коментари