Самостојните вршители на дејност ќе добијат поддршка од државата за октомври, ноември и декември, Владата го утврди Предлог-законот
Foto

Самостојните вршители на дејност ќе добијат поддршка од државата за октомври, ноември и декември, Владата го утврди Предлог-законот

Владата денеска на седница  го утврди текстот на Предлог-законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна  дејност погодени од здравствен економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.

Целта, на овој предлог-закон, како што информира владината прес-служба,  е да се обезбеди финансиска поддршка за вршителите на самостојна дејност во последниот квартал од 2020 година, со месечен износ во висина од 17.410 денари месечно за физичкото лице кое врши самостојна дејност.

0 Коментари

Остави коментари