Само 250 од вработените по Рамковен почнале да работат, а 1400 сеуште седат дома и примаат плата
Foto

Само 250 од вработените по Рамковен почнале да работат, а 1400 сеуште седат дома и примаат плата

1.400 вработени по рамковен се уште седат дома и земаат плата. 158 од нив ја одбиле понудената работа, но сепак Владата им дава пари додека не им најде втора шанса за работа. 800 се изјасниле дека сакаат да работат и за нив се бара работно место. Според Секретаријатот за рамковен, 250 веќе почнале да работат. Министерот Манчевски, тврди дека тие што ја одбиле првата работа, отказ ќе добијат само ако ниту една институции не е заинтересиранa за нив.

„Излезе проблем што воопшто се обидуваме да го решиме проблемот. Ваков интерес за оваа ситуација ја немаше порано. Овие луѓе имаа политички проблеми. Се договоривме, сменивме закони и сега излезе проблем зошто се решава проблемот.“ - вели Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација.

Владата може и да не ја зголеми платата на администрацијата во септември, ако Македонија не испорача добри резултати за да добие датум за преговори со ЕУ во јуни, вели Манчевски. Економистите и бизнисот дадоа црвено светло за повисоките плати, кои од буџетот следната година ќе повлечат 460 милиони евра, 25 повеќе од годинава.

„Еве го јуни, ќе  имаме оценка ос Европската комисија дали сме направиле добар напредок во делот на реформата на администрацијата или не. Тоа е заедничка оценка. Следствено на тоа ќе има награда или други процеси“ - вели Манчевски.

Прерано е да се каже колку од вработените во јавната администрација ќе му бидат понудени на приватниот сектор. Тоа ќе се знае дури кон крајот на 2019 година. До тогаш Владата очекува и бизнис секторот да каже каков кадар им е потребен.

0 Коментари

Остави коментари