Саинц: Ќе бидам подготвен да се борам за титулата оваа година
Foto

Саинц: Ќе бидам подготвен да се борам за титулата оваа година

Возачот на Ферари, Карлос Саинц, е уверен дека ќе биде подготвен да се бори за шампионската титула во сезоната 2022, доколку новиот болид на Скудерија биде доволно брз.

– Да, сто проценти. Особено ако се има предвид дека втората половина од минатата сезона ми даде самодоверба зад воланот на болидот, доверба во работата со тимот – и знам дека ќе бидам подготвен за се што не очекува во претстојната сезона.

Ми се допадна како помина претходната сезона. Мислам дека тоа беше една од моите омилени сезони во однос на уживањето во трките, уживањето во Формула 1 воопшто.

Да, сезоната беше интензивна, имаше многу трки, но имаше и многу добри моменти. Бев задоволен од моите настапи и во исто време успеав да се подобрам во текот на сезоната. Ми се чини дека ја завршив сезоната многу посилно отколку што ја започнав, што значи дека тимот напредувал, ова е важно. Гледам важни промени во тимот со кои се движиме во вистинската насока. Така што јас сум одлично расположен за стартот на новата сезона и мислам дека треба да бидеме во добра форма, изјави Саинц.

Новата сезона во светскиот шампионат во Формула 1 ќе стартува викендот 18-20 март со трката за Големата награда на Бахреин.

0 Коментари

Остави коментари