САД воведоа санкции против Кери Лам и функционери во Хонг Конг
Foto

САД воведоа санкции против Кери Лам и функционери во Хонг Конг

САД денеска воведоа санкции против лидерката на Хонг Конг, Кери Лам, сегашниот и поранешен полициски комесар и осум други функционери за нивната улога во, како што тврдат, ограничување на политичките слободи во Хонг Конг.

– Кери Лам е извршна шефица директно одговорна за спроведување на кинеската политика за задушување на слободата и демократските процеси, се вели во соопштението на Министерството за финансии на САД.

Санкциите се воведени врз основа на указ потпишан од американскиот претседател Доналд Трамп во јули, а се однесуваат и на секретарот за безбедност и правда во Хонг Конг.

– САД стојат со граѓаните на Хонг Конг и ние ќе ги употребиме нашите средства и овластувања за да ги таргетираме оние што ја поткопаат нивната автономија, рече американскиот министер за финансии Стивен Мнучин.

0 Коментари

Остави коментари