САД реагира на изјавата на Мицкоски кој судењето за 27 ми април го спореди со нирнбершкиот процес
Foto

САД реагира на изјавата на Мицкоски кој судењето за 27 ми април го спореди со нирнбершкиот процес

Американската амбасада во Скопје побара поцивилизиран дијалог, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера го спомена нирнбершкиот процес против нацистите во контекст на судењето за нападот на Собранието на 27 април. Амбасадата на сад вели дека таквата реторика на политичките лидери предизвикува страв и поделби, посебно кога погрешни се користат минати настани.Од ВМРО-ДПМНЕ денес со став дека изјавата на Мицкоски била погрешно разбрана и дека споредбата е направена во преносна смила на зборот, прво зашто се однесува на опфатот на луѓе и второ на драконските казни кои што јавноста ги очекува за крвавиот четврток. Во никој случај изјавата не беше кажана со цел да се оправдаат злосторствата од минатата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

0 Коментари

Остави коментари