САД e со најмногу заразени и починати од Ковид-19 во светот, официјално се повлекоа од СЗО
Foto

САД e со најмногу заразени и починати од Ковид-19 во светот, официјално се повлекоа од СЗО

Американскиот претседател, Доналд Трамп, официјално ги повлече САД од Светската здравствена организација (СЗО), кои ги обвинува за лошо управување со пандемијата на новиот коронавирус. Мерката ќе стапи на сила на 6 јули 2021 година.

Информацијата за повлекување на САД од СЗО за првпат ја пренесе сенаторот Роберт Менедез, кој на Твитер објави дека Конгресот добил текст во кој Трамп и официјално ја повлекува државата од таа организација.

„Конгресот доби текст во кој претседателот официјално ги повлекува САД од СЗО среде пандемија“, напиша Менендез, член на демократите во Комисијата за надворешни работи во Сенатот.

Веднаш потоа, американските власти ја потврдија информацијата, во која се наведува дека повлекувањето ќе стапи на сила за една година, односно на 6 јули 2021 година.

САД се најголем финансиер на СЗО со околу 450 милиони долари годишно. 

Повеќе од три милиони луѓе веќе се заразени со новиот коронавирус во САД. Во изминатите 24 часа се потврдени рекордни 60.000 нови случаи.

Повеќе од 1.100 луѓе починаа во САД од Ковид-19 во изминатите 24 часа. Бројот на смртни случаи во земјата од болеста предизвикана од новиот коронавирус сега е 131.362.

Во САД има најмногу заразени и починати од Ковид-19 во светот.

0 Коментари

Остави коментари