Сѐ уште се преговара за парламентарно мнозинство за уставните измени
Foto

Сѐ уште се преговара за парламентарно мнозинство за уставните измени

Калкулации, но и неизвесност пред самиот финиш на уставните измени дали ќе биде обезбедено потребното дво третинско мнозинство на гласови. Преговорите меѓу власта и Беса продолжуваат и утре. Иако од Алијансата велат дека работите и преговорите со владата за сега течат во добра насока - Беса и натаму преговара и се уште тврдат нема конкретен договор. Од СДСМ пак велат кога ќе има нешто, тогаш ќе кажат. Неофицјално, според партиски извори се преговара за формулацијата за државјанството со што би се интервенирало во уставниот закон. Сепак тврдат дека немаат добиено закана од 8ката дека доколку Заев го прифати барањето на Беса нема да гласаат.

„Нема никакви закани, немам ништо слушнато околу закани кон нас доколку се усвои нешто Очекувам од сите пратеници без разлика од која политичка партија доаѓаат, кој етникум, ќе се издигнеме над нашите партиски интереси и ќе ја поведеме Македонија кон прав пат, а тоа е национален консензус.“ - изјави Костадин Костадинов.

Лидерот на најголемата опозициска партија Мицковски пак и денеска на пресконференција порача оти нема да ги подржат уставните измени и ќе останат конзистентни на својот став и нема да дадат легитимитет на процесот. Сепак не беше расположен да одговара на новинарски прашања дали е можно уште некој од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да даде поддршка во финалната фаза на овој процес.

„На референдумот, Заев не доби подрршка за менување на уставот, туку тоа го прави на кирминален начин преку користење на судските и обвинителските механизми за уцена. Името него менуваат граѓаните туку 80 партеници обезбедени по пат на закани и уцени“ - изјави Христијан Мицковски.

Во предворието на финалната фаза од уставните измени кога повторно ќе треба поддршка од минимум 80 гласови во собранието, и натаму продолжуваат преговорите околу спорните амандмани на албанскиот опозициски блок кои пак не се прифатливи за 8 те независни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои рекоа дека нема да ги поддржат. Токму крилото на Касами но и Алијансата на албанците беа единственбите партии кои поднесоа амандмани на уставните измени и кои со по два пратеника го подржаа пристапувањето за отварање на уставот. Сега тие ја условија нивната поддршка со прифаќање на барањата Македонија да се дефинира како мултиетничка држава, а зборовите „македонски народ“ да се заменат со „граѓани“ за да се истакне мултиетничкиот карактер на државата.

0 Коментари

Остави коментари