Русковска: Имаше еден филм „Чарлиевите ангели“ и една обвинителка Катица Јанева
Foto

Русковска: Имаше еден филм „Чарлиевите ангели“ и една обвинителка Катица Јанева

тонско Вилма Русковска- Имаше еден филм „Чарлиеви ангели“ и една госпоѓа која влезе во филм на една естрадна ѕвезда Бојан Јовановски и мислеше дека никој ништо не ѝ може. Може ќе слушнете дека тоа што го направи Катица Јанева е поради наивност или осаменост, но обвинителството има несоборливи докази дека од алчност ја предаде довербата на народот, дека свесно и со умисла ѝ изнесувала детали од истрагата на самопрогласената естрадна ѕвезда Боки Јовановски, што е спротивно на ЗКП“

Со овие тези и епитети обвинителката Вилма Русковска ги запозна судиите и јавноста со случајот „Рекет“. Поранешната специјална обвинителка одговори дека не чувствува ни „тронка“ вина. Во овој случај Јанева ангажираше двајца адвокати.

Очекувам судот да ме ослободи од обвинение, од она што го контруираше Русковска. Да не ве плаши „тресењето од гаќи“. Горда сум на формирањето на СЈО, на тимот кој го предводев четири години, на сите обвинители и истражители. Ја имав честа да формирам тим на обвинители и истражители. Секојпат сум била општествено одговорна.“ - изјави Јанева.

Бојан Јовановски најавува пресврт со снимки од домашните камери во неговиот дом. Ќе се открие кој и каде ја носел фамозната „Луј Витон“ торба. За него овој процес е „бедна конструкција“кој едвај го чекал за да прозбори. Не се чувствува виновен, а процесот го почна со инјекција диазепам , од итната помош која беше викната во судница.

„Преку овој предмет се водат валкани политички игри кои завршуваат на овие плеќи. Колку што сум седел во ресторан со второобвинетата, толку сум седел во ресторан и со надлежната обвинителка.“ - изјави Јовановски. 

Со аферата „Рекет“ најбрзо расчисти бизнисменот Зоран Милевски Кичевскиот. Призна вина и утре судот ќе соопшти како ќе го казни за делото примање награда за противзаконито влијание. Русковска не ги изостави и Орце и Ана Камчеви кои преку Кичеец се поврзале со Јовановски. Бизнисменот Камчев си ги бара милион ипол евра назад.

Судијката Васка Николовска одлучи снимките од домот на Камчев во кои се пакуваат парите, но и они од кај Јовановски да бидат докази, иако се прибавени на незаконски начин, со тајно снимање.

0 Коментари

Остави коментари