Русковска денеска ќе го поднесе обвинението за „Рекет“
Foto

Русковска денеска ќе го поднесе обвинението за „Рекет“

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција предводено од Вилма Русковска денеска ќе го поднесе обвинението за случајот „Рекет“. 

Случајот од вчера се прошири на уште четири лица, за перење пари, измама и помагање во измама. 

Новоосомничени се потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски, потпретседателката на „Меѓународниот сојуз“, Јасна Мандиќ, таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски,  Кристина Карајованова и Бојан Јовановски кој е осомничен за нови кривични дела.

За Јасна Мандиќ е одреден домашен притвор, а за останатите се одредени мерки на претпазливост.

0 Коментари

Остави коментари