РУСКИТЕ КОМИЧАРИ - ГИ ОБЈАВУВААТ РАЗГОВОРИТЕ И СО ИЗМАМЕНИОТ КОСОВСКИОТ ПРЕМИЕР РАМУШ ХАРАДИНАЈ
Foto

РУСКИТЕ КОМИЧАРИ - ГИ ОБЈАВУВААТ РАЗГОВОРИТЕ И СО ИЗМАМЕНИОТ КОСОВСКИОТ ПРЕМИЕР РАМУШ ХАРАДИНАЈ

Откако пред неколку дена на интернет се појави аудио снимката од разговори на македонскиот премиер Зоран Заев со руски пракнери, во кои тој беше убеден дека разговара со Столтенберг и со Порошенко, двајцата руски комичари Владимир Кузнецов познат како Вован и Алексеј Столаров познат како Лексус го изиграле и косовскиот премиер, Рамуш Харадинај. Со Харадинај пранкерите разговарале во јануари и во април. Во телефонски разговор објавен на Јутјуб, Харадинај ветува поддршка за Порошенко и вели дека ќе се моли за него на сите избори, пренесува Газета експрес. Едниот од комичарите му се јавил на косовскиот премиер Харадинај, во име на поранешниот украински претседател, Петро Порошенко, велејќи дека по претседателските избори во Украина ќе ја признае независноста на Косово, во замена за поддршката на Харадинај. Во телефонскиот разговор, објавен на Јутјуб од страна на „Russia 24 tv”, Харадинај му ветува поддршка на „Порошенко”, велејќи му дека јавно ќе го поддржува.

„Се надевам дека сè ќе биде добро за Вас и јас сум среќен што можам да ви посакам успех за во неделата. Ова е многу важно за државата, ќе се молам за вас на сите избори“.

вели Харадинај за време на разговорот со еден од руските комичари, за кои мислел дека е Порошенко. Наводниот „Порошенко” одговора, велејќи дека по победата ќе го признае Косово како независна држава.

„Да, и мислам дека по победата, јас ќе го признаам Косово како независна држава“, - одговорил рускиот комичар.

По овој разговор, Харадинај кој наседнал, објавил статус на неговиот твитер-профил, каде му посакал победа на изборите на Петро Порошенко и на неговиот иден предлог-премиер, Вован Лексусов.

„Му посакувам на народот во Украина слободни и демократски избори. За мојот пријател Порошенко и неговиот иден премиер, Вован Лексусов, посакувам победата за да ја водат Украина кон патот на евроатланската интеграција. Народот на Косово и на Украина се залагаат за слобода и просперитет“ - напишал Харадинај.

На стапицата на руските комичари наседнаа и македонскиот премиер Зоран Заев, кој во разговорите објавени пред неколку дена, им го кажал бројот од Рамуш Харадинај на руските комичари, пренесува Газета Експрес. Заев и Харадинај не се единствените кои разговарале со овие комичари, претходно тие разговаралее и со францускиот претседател Емануел Макрон, како и со Борис Џонсон, Жан Клод Јункер, Ники Хејли, Гуаидо и други личности.

0 Коментари

Остави коментари