Рускиот ракетен систем „Панцир С“ ќе биде испорачан во Србија, Вучиќ уверува: ќе нема американски санкции
Foto

Рускиот ракетен систем „Панцир С“ ќе биде испорачан во Србија, Вучиќ уверува: ќе нема американски санкции

Русија потврди, за кус период на Србија ќе и го испорача најсофистицираниот ракетен систем „Панцир С“ во согласност со договорот. Во моментов српски специјалци се на обука. Директорот на руската агенција за увоз и извоз на одбрамбени производи, Александар Михејхев изјави дека се се одвива според договореното и дека испораката ќе биде на време.

„Ракетниот систем се составува, а српски специјалци се на обука. Нема да има одложување на испораката, бидејќи се се одвива според планот. Ракетниот систем ќе биде испорачан веднаш штом ќе заврши обуката.“ - изјави Александар Михејев – директор на Рособоронекспорт.

Веднаш по оваа информација, Стејт Департментот соопшти дека в петок во Белгград ќе допатува Томас Зарзецки кој раководи со групата 231, која е задолжена за примена на санкции спрема рускиот безбедносен сектор и спрема оние со кои Русија соработува. Српските медиуми денска пишуваат дека темата на разговорите со српскиот државен врв многу веројатно е дека ќе биде воведување санкции кон Србија, заради нејзината воена соработка со Русија. Истовремено, српскиот претседател Александар Вучиќ уверува дека нема да има какви било санкции од страна на САД.

„Србија се вооружува затоа што Србија е слободна земја. Мала држава, од сите страни опкружена со членки на НАТО со кои сакаме добри односи. Сепак, ние нема да бидеме Бамби кое ќе го проголтаат.“ - изјави Александар Вучиќ – претседател на Србија.

Инаку и Метју Палмер, специјалниот претставник на Стејт департментот за Западен Балкан, кои во изминативе денови беше на балканска турнеја, токму во Скопје изјави дека барањето на Србија за специфични руски системи, води кон ризик да и бидат воведени санкции.

0 Коментари

Остави коментари