Руската опозиција со собир ќе ја одбележи годишнината од убиството на Борис Немцов
Foto

Руската опозиција со собир ќе ја одбележи годишнината од убиството на Борис Немцов

Во атмосфера на зголемени тензии поради апсењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални, руската опозиција планира со собир да ја одбележи шестгодишнината од убиството на Борис Немцов, уште еден истакнат противник на руските власти.

Приврзаниците на Навални тврдат дека опозиционерот неосновано е испратен да ја издржува затворската казна и ги повикуваа своите истомисленици денеска да положат цвеќе на Големиот мост на реката Москва, каде Немцов беше убиен ноќта на 27 февруари 2015 година.

И покрај тоа што следбениците на Алексеј Навални прогласија мораториум на протестите до пролет затоа што беа разбиени неколку големи демонстрации и повеќе од 11.000 демонстранти беа задржани во притвор, опозицијата повика на денешниот митинг во спомен на ликвидацијата на Борис Немцов, предупредувајќи дека е задолжително почитување на владините антиепидемиски мерки – носење маски и одржување на физичко растојание.

0 Коментари

Остави коментари