Русија ги повика на дијалог спротивставените страни во Либија
Foto

Русија ги повика на дијалог спротивставените страни во Либија

Руското Министерствто за надворешни работи денеска ги повика спротивставените страни во Либија преку дијалог да работат на решавање на кризата во земјата.

Руските медиуми ова го јавија само ден откако командантот на источните либиски сили генералот Калифа Хафтар повика на офанзива кон Триполи.

Хафтар, кој се наоѓа на чело на Либиската национална армија, во април почна офанзива за заземање на главниот град, но беше задржан на периферијата на главниот град, пренесоа британските медиуми.

 

Според наводи на дипломати и официјални претставницо во Триполи, Хафтар е подржан од Египет, Обединетите Арапски Емирати и руски платеници.

0 Коментари

Остави коментари