РТС: На Косово уапсени петмина Срби, Вучиќ нареди целосна борбена готовност на војската

Најмалку петмина Срби се упасени утрово од припадници на косовските специјални сили Росу поради наводна вмешаност во организиран криминал, јави РТС. Апсењата биле извршени во сите четири српски општини на север во Косово.

Други белградски медиуми јавија дека досега се уапсени шест српски припадници на косовската полиција – тројца од Косовска Митровица, двајца во Звечан и еден од Зубин Поток.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ нареди ставање на сите единици на Армијата на Србија во состојба на целосна борбена готовност.

Претходно, и Министерството за внатрешни работи на Србија ги стави во состојба на целосна подготвеност специјалните и посебните едници на полицијата. Наредбата е издадена по упадот на специјалните единици на косовската полиција – Росу на север во Косово.

Единиците Росу упаднаа утрово со оружје на север во Косово.

Директорот на српската валдина канцеларија за Косово Марко Ѓуриќ рече дека косовските специјални единици, со оружје упаднале на север во Косово „со цел да заплашат и предизвикаат паника со апсења што претходните денови ги најави претседателот Александар Вучиќ“. Ѓуриќ додаде во изјават за РТС, дека биле регистрирани и истрели од огнено оружје.

Во северниот дел од Косовска Митровица голем број граѓани се собрани на централниот плоштад.