Романот „Теорија за кучешката година“ најдобар на годинашните „Рацинови средби“
Foto

Романот „Теорија за кучешката година“ најдобар на годинашните „Рацинови средби“

Македонскиот писател Милован Стефановски е годинешниот добитник на Рациновото признание. Оваа награда тој ја добива за наговиот најнов роман „Теорија за кучешката година“.

Одлуката денеска ја соопшти претседателот на жири комисијата на Рациновите средби Христо Петрески, кој откри дека романот на Стефановски е избран за најдобар помеѓу 27 пријавени книги. Наградениот писател вели дека возбудата за наградата е иста како онаа, кога пред 43 години добил признание на Струшките вечери на поезијата.

Жирито одлучи почесното Рациново признание за афирмација на македонската литература и култура во светот да го додели на Ала Генадјевна Шешкен, руски славист и македонист, професор на московскиот државен универизтет „Ломоносов“. 58-то издание на меѓународната поетска манифестација Рацинови средби ќе се одржи викендов во Велес.

0 Коментари

Остави коментари