Роџерс: По рестартирањето на првенството, Лестер игра слабо
Foto

Роџерс: По рестартирањето на првенството, Лестер игра слабо

Тренерот на Лестер, Брендан Роџерс смета дека неговите избраници играат слабо по рестартирањето на сезоната во Премиер лигата. Лестер синоќа загуби од Борнмут со 4:1 и го загрози пласманот во Лигата на шампионите.

– Не го очекував ова, но не бевме доволно добри за да се чувствуваме премногу удобно. Им дозволивме многу шанси и многу сум разочаран од начинот на кој игравме во одбраната.  Ние сме силен паметен тим и не пропуштаме многу голови. Отсекогаш велев дека сакаме да завршиме во првите четири, но за тоа треба многу повеќе од вакво издание. По   рестартирањето, играме лошо и можеби нема да ја заврши сезоната таму каде што заслужуваме да бидеме, изјави Роџерс.

На три кола до крајот на сезоната во Премиер лигата, Лестер е на 4.место со 59 бода, бод повеќе од Манчестер јунајтед кој има и натпревар помалку.

0 Коментари

Остави коментари