Рикер: САД се подготвени да се вклучат во дијалогот меѓу Белград и Приштина
Foto

Рикер: САД се подготвени да се вклучат во дијалогот меѓу Белград и Приштина

Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер, изјави дека Вашингтон е подготвен да се вклучи во дијалогот меѓу Белград и Приштина, но тоа нема да се случи се  додека двете земји не се вратат на преговарачката маса, пренесе „Радио и телевизија Косово“. Рикер за ВОА кажа дека пред извесно време со државниот секретар Мајк Помпео.

Разговарал за евентуалното засилување на улогата на сад во процесот. Рикер верува дека и двете земји имаат желба да најдат решение и на тој начин да придонесат кон стабилноста и напредокот на Западен Балкан.

Како успешен модел за надминување на проблемите во регионот, „што не се решени со векови“, Рикер го спомена Преспанскиот договор меѓу Грција и Македонија.

0 Коментари

Остави коментари