Резултати од обдукцијата на децата од БиХ
Foto

Резултати од обдукцијата на децата од БиХ

Труење со јаглерод моноксид е причината за смртта на осумте тинејџери од Посушје, Босна и Херцеговина за новогодишната ноќ . По добиените резулатати од анализата на крвта на осум млади луѓе се потврдја претпоставките за причината за нивната смрт во трагичниот инцидент кој го потресе регионот. Се вештачи и агрегатот кој го испуштил плинот од кој се задушија девојките и момчињата. 

„По извршената анализа на крвта, утврдено е дека кај сите осум лица дошло до интоксификација со јаглерод моноксид со утврдена концентрација во крвта која е смртоносна“. - Обвинителство БиХ.

На 31 декември, осумте млади биле во викендица во Посушје за да го прослават доаѓањето на новата година. По прославата тие си легнале да спијат со вклучен агрегат по што се задушиле. Според информациите агрегатот со кој се греела викендичката се наоѓал во помошна просторија на северната страна од куќата.

Во просторијата каде бил сместен плинскиот агрегат едната врата била затворена, а другата била малку подотворена, додека прозорецот се наоѓал на спротивната страна од куќата во која престојувале тинејџерите. 

За време на увидот од страна на полицијата утврдено е дека прозорецот бил полуотворен и на тој начин отровниот јаглерод моноксид ги задушил момчињата и девојчињата.

0 Коментари

Остави коментари