РЕВОЛУЦИЈАТА ПОЧНА ДА ГИ ЈАДЕ СОПСТВЕНИТЕ ДЕЦА - АТАНАСОВ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ОБРАЗОВАНИЕ
Foto

РЕВОЛУЦИЈАТА ПОЧНА ДА ГИ ЈАДЕ СОПСТВЕНИТЕ ДЕЦА - АТАНАСОВ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ОБРАЗОВАНИЕ

Од реконструкција или метла која за едни ќе исчисти за други ќе остави дел под тепих, па се до револуција која ги изеде сопствените деца . Различни толкувања и реакции во јавноста но и од самите засегнати во процесот по најавената чистка и смена во извршната власт која ја најави премиерот Заев . Со оставка на Ф.Б статус од функцијата Заменик министер за образование се огласи Петар Атанасов кој во долгото писмо до премиерот Заев наведува дека и покрај обидите кои ги правел во изминатите месеци за реформи во образованието во многу наврати бил спречуван и додава оти ќе продолжи да функционира надвор од политиката и само како професор .

Ваквата одлука го изненади и министерот Арбр Адеми кој во изјава за медиумите посочи оти не очекувал таков чекор од страна на Атанасов.

Од ВМРО ДПМНЕ пак ја поздравија одлуката на Атанасов но и упатија остри критики на адреса на премиерот и новата владина реконструкција . Со седнувањето на министерската фотелја на Заев во финансии од ВМРО ДПМНЕ обвинуваат за монопол .

Од СДСМ пак денеска во писмено соопштение велат:

- „Успесите на Зоран Заев на меѓународен и економски план математички прецизно се за подобар живот на сите граѓани, а овие лекции ВМРО-ДПМНЕ уште многу време ќе треба да ги учи.По постигнатиот успех на меѓународен план во последните две години, следуваат храбри чекори во економијата и социјалната политика и финансиите,за тоа а на чело на оваа економска иницијатива ќе биде премиерот Зоран Заев“ - стои во реакцијата.

Во имињата кои го докомплетираат новиот владин состав влегуваат:

Горан Милевски лидер на ЛДП кој се вселува на министерската фотелја во Министерството за локална самоуорава . Пред да стане пратеник бил професор и предавал економски предмети во Битолското економско училиште , од познавања во биографијата му се наведени MS Office и Internet, а од странски јазик наведено е дека зборува англиски.

Хусни Исмаили, пак, е предлогот на Алтернатива за да го преземе Министерството за култура. Исмаили по професија е доктор по медицински науки, а пред да стане доцент на универзитетот во Тетово, тој бил професор во тамошното средно медицинско училиште. Од јазици покрај мајчиниот албански, му се наведени и македонскиот, турскиот, англискиот, босанскиот.

Нов министер за животна средина и екологија ќе биде Насер Нуредини кој се школувал за меѓународен бизнис во Австрија, Германија и Велика Британија.Во графата на јазици му стои албански, англиски, германски и италијански јазик.

Садула Дураку ќе прави ротација од министерството за животна среднина во новото Министерство за политички системи. Покрај политичките функции, во работно искуство му се наведени и вработувањата во две средни училишта во Куманово.

За други особини му пишува дека има солидни менаџмент особини, способен е за работа во група и за работа под стрес, и комуникативен.

Во министерството за земјоделство треба да биде назначен Трајан Димковски, кој досега беше шеф на кабинет на неговиот претходник, Љупчо Николовски. Тој покрај работата во министерството, има искуство и работа во Управни одбори и здруженија од областа на земјоделството.

За новата влада законодавниот дом ќе треба да гласа во среда.

0 Коментари

Остави коментари