Револт кај уметниците по предлогот во иднина да не се доделува специјална пензија на доајените на културата
Foto

Револт кај уметниците по предлогот во иднина да не се доделува специјална пензија на доајените на културата

Револтот на ументиците не стивнува по донесениот предлог -закон со кој во иднина ќе им се укинат надоместоците за пензиите на доајените на културата. Дел од нив сметаат дека со укинување на наградата се нанесува голема навреда и неправда за најдобрите и најталентирани луѓе кој ја креираат уметноста и културата во државата.

Реномиранта примабалерина со ерворопскио реноме која во 1960 година во Љубљана е прогласена за најдобра класична балерина Натка Пенушлиска – Митровска, вели дека талентите треба да бидат почитувани за да бидат на врвот и дека голема грешка ќе се напрви доколку се усвои предлог законот со кои ќе се укинат надоместоците.

Од министерство за култура, дополнителни информации за предлог - законот не можевме да добиеме, поради работни обврски министерот за култура Хисни Исмаили не е во државата, отсутен е и замник министерот Владимир Лазовски. Од кабинетот го повторија ставот дека доколку има забелешки ќе бидат разгледани.

Примабалерината Натка Пенушлиска е меѓу 72 доајени и уметници кои во изминатиот период добија национална пензија. И порај овој додаток вели дека животот на уметниците во државата е скромен. 

Предлог законот е подготвен од работната група формирана минатата година од тогашниот министер за култура Роберт Алаѓозовски, освен укинувањето на надоместокот, предвидено е и укинување на титулата амбасадор на културата.

0 Коментари

Остави коментари