Ревизорите да се зајакнат
Foto

Ревизорите да се зајакнат

30 ревизорски извештаи направени во 20 институции изминатите две години завршиле кај Јавното обвинителство. Ревизорите се соменавале на злоупотреби при трошењето на народните пари. Предупредиле дека општини, болници, градинки, политички партии, ангенции, институти па и министерства, исплаќале пари без покритие и не ги почитувале тендерските правила.

Освен до обвинителство, извештаи се испратиле и до Финансова полиција, Антикорупциска и МВР, но до сега јавноста не слушнала дека некој функционер е казнет за неоговорност и расипничко трошење на парите на граѓаните. Министерот за финансии вели дека тоа зависи од останатите институциите во системот, а не од самата Влада.

„Мислам дека тоа зависи од другите институции во системот. Ревизорските извештаи се важни, се прави да се подобри и функционирањето на системот и денес на собранието такви извештаи може да се разгледуваат.“ - изјави Драган Тевдовски, министер за финансии.

Ревизорските извештаи можат, но не се разгледуваат во Собранието. Затоа Државниот завод за ревизија и Европската Комисија бараат извештаите задолжително да ги разгледуваат пратениците, барем на комисијата за финансирање и буџет. На тој начин ќе се повикаат и раководствата на институциите кои ќе треба пред пратениците да си ја оправдаат работата. Ова беше пракса до 2010 година, кога претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја укина. Министерот за финансии сега смета дека контролата од страна на ревизорите треба сериозно да биде зајакната и најави нови вработувања по претседателските избори.

Во Државниот завод за ревизија Собранието повеќе од една година нема избрано прв ревизор. Ревизијата ја вршат 90 ревизори, а според систематизацијата оваа институција недостасуваат околу 30 ревизори за да може да се прави контрола на над 1.500 субјекти, вклучително и Владата.

0 Коментари

Остави коментари