Во галеријата „КО-РА“ во Домот на култура „Кочо Рацин“ од денеска е отворена ретроспективна изложба-инсталација „Фотографика алтернативна No3. Бранување“ на Љубе Алексовски, на која се претставени стотина дела од различни периоди, почнувајќи од 1980-тите години.
Виолета Калиќ по повод отворањето на изложбата рече дека изложбата има колажен и концептуален концепт и одразува разнородни релации помеѓу авторот и неговата перцепција на актуелната стварност.
- Во повеќе сфери на нашето егзистирање како единки, нивните контроверзи, парадокси, утопиското, баналното, преку разнородни сегменти кои будат љубопитност со својата неочекувана динамика, ритмика, контроверзна трансформација, повеќекратна преобрзаба и многуслојна метафоричност која ја носат бројните колажирани елементи, симболи, сегменти од фотореалната и псевдореалната стварност која граничи со фантазмогоричното, надреалното, со симболизмот, истакна Калиќ.
0 Коментари