Ременски кон новинарите: Дали сте вратари или новинари?
Foto

Ременски кон новинарите: Дали сте вратари или новинари?

Без малку шест часа траеше увидот во доказите на пратеничката и потпретседателка на Собранието Фросина Ременски за случајот со работата на невладината „Меѓунардоен сојуз“ во кој таа е осомничена дека помагала во извршувањето на кривичните дела „Измама“ и „Перење пари“.

Ременски вели дека не го завршила целосно увидот и дека до сега не нашла докази дека е виновна за кривичното дело за кое што е осомничена. Прашана зошто се обиде да ги избегне камерите таа праша дали новинарите се новинари или вратари во обвинителството за гонење организиран криминал.

Ременски тврди дека класифицираните документи пронајдени во нејзиниот дом содржат докази за сериозен криминал поврзан со шпионажа.  

Денеска увид во доказите требаше да извршат и Бојан Јовановски, претседател на сојузот и неговиот татко Миле Јовановски. Но, на нивно место тоа го направи адвокатот Сашко Дуковски. Претходно увид во доказите извршиле и потпретседателката на Меѓународниот сојуз и личната асистентка на Јовановски.

По увидот во доказите сите осомничени во случајот за работата на „Меѓународниот сојуз“ следната недела ќе дадат исказ пред надлежен обвинител од обвинителството за гонење на организиран криминал.

 

Осомничените се товарат дека ги довеле во заблуда бизнисмените  Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски дека ќе обезбедат државно земјиште за изградба на центар за стари лица а за возврат тие да уплатат безмалку 720.000 евра однсоно речи си 240.000 евра за сметка на „Меѓународниот сојуз“.

0 Коментари

Остави коментари