Рекордни 61 поен за Лилард во победата на Портланд со Голден Стејт
Foto

Рекордни 61 поен за Лилард во победата на Портланд со Голден Стејт

Кошаркарот на Портланд, Демијан Лилард постигна 61 поен на натпреварот со Голден Стејт одигран рано утрово во „Мода центар“. За Лилард ова е личен рекорд по број на постигнати поени. Исто така, овој резултат е рекорд во ефикасност за еден играч во историјата на клубот.

Портланд го доби натпреварот со 129:124 по продолжение.

Лилард за 45 минути поминати на теренот забележа и 10 скока и седум асистенции.

По оваа победа, Портланд е на десеттото место на Западната конференција, додека Голден Стејт на последното, 15. место.

На другите натпревари од НБА лигата играни ноќта понеделник кон вторник постигнати се овие резултати:

Бостон – Лос Анџелес Лејкерс 139:107

Минесота – Денвер 100:107

Феникс – Сан Антонио 118:120

Јута – Индијана 118:88.

0 Коментари

Остави коментари