РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ВЛАДАТА УТРЕ ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ
Foto

РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ВЛАДАТА УТРЕ ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ

Ќе ги заврши ли утре Собранието кадровските смени и рокади на мадатарот Заев опфатени со операцијата „метла“?!Седницата е закажана за во 11 часот, но според собранискиот деловник, нема временско ограничување колку ќе трае. На маса пред пратениците ќе се најдaт предлозите за разрешување на членови на Владата и за избор на новите министри.

Метлата најавена уште во април по првиот круг на претседателските избори опфати само тројца министри. Настрадаа министерот за финансии Тевдовски и министрите без ресор Шапуриќ и Лика. Изненадување е тоа што Заев ќе седне и во фотелјата на Тевдовски. Ќе биде и премиер и министер за финансии.

Реконструкцијата ќе донесе доктор во културата и банкар во екологијата. Професорот на Медицински факултет Хисни Исмаили треба да биде назначен за нов министер за култура. Тој е од партијата Алтернатива на Африм Гаши.

На испразнетото пак министерско столче во земјоделие ќе седне Трајан Димковски шеф на кабинетот на досегашниот министер Љупчо Николовски.

Сегашниот министер за животна средина Садула Дураку треба да ротира во новото Министерство за политички систем.

За нов министер за екологија е предложен Насер Нуредини, инвестициски банкар и финансиски советник за банкарство во Лондон и во Виена. Тој е син на познатиот бизнисмен во Виена со потекло од тетовско Камењане, Аки Нуредини. Нуредини е зет за ќерка на академикот Абдулменав Беџети и до сега живееше во Виена.

Лидерот на ЛДП Горан Милевски, кој до сега беше пратеник во Собранието, ќе влезе во извршната власт како нов министер за локална самоуправа.

Со смената на министрите најавена е и смена на околу 20 директори. Но неизвесно е дали Владата ќе ги разреши на седница, или пак ќе се чека зелено светло и од новоименуваните министри.

0 Коментари

Остави коментари