Река: Граѓаните се слободни, суверени, гласањето е тајно и важно е да има цензус
Foto

Река: Граѓаните се слободни, суверени, гласањето е тајно и важно е да има цензус

Граѓаните се слободни, суверени, гласањето е тајно и важно е да има цензус, рече пред битолчани претседателскиот кандидат Блерим Река и повика на 21 април масовно да се гласа и избира.

Поддршка за Река побараа и лидерите на Алијанса за Албанците, Зијадин Села и претседателот на партијата Движење Беса, Билал Касами. Според Билал Касами, претседател на партијата Движење Беса, македонското општество може и треба да го почувствува моментот за избор на најкомпетентен претседателски кандидат, а тоа е Блерим Река.

Претседателскиот кандидат Блерим Река, освен во градот, одржа непосредни средби со граѓаните и во неколку битолски села.

0 Коментари

Остави коментари