Регистриран првиот случај на коронавирус во Северна Кореја
Foto

Регистриран првиот случај на коронавирус во Северна Кореја

Во севернокорејскиот град Кесонг е прогласен целосен карантин откако едно лице за кое се сомнева дека е заразено со коронавирус нелегално ја минало границата, изјави лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун.

Ова е првпат од почетокот на глобалната пандемија Северна Кореја да пријави дека постои коронавирус на нејзината територија.

Ким Џонг-ун свикал анти-епидемиолошки состанок за да „преземе превентивна мерка за целосно блокирање на градот Кесонг и изолирање од 24 јули на секоја одделна област од другите“, наведува државната агенција КЦНА.

Властите ќе се обидат да ги следат сите контакти на заболениот од Ковид-19 во последните пет дена.

0 Коментари

Остави коментари