Регионалната директорка на УНФПА, Алана Армитаж, во посета на Северна Македонија
Foto

Регионалната директорка на УНФПА, Алана Армитаж, во посета на Северна Македонија

Регионалната директорка за Источна Европа и Централна Азија на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), Алана Армитаж, денеска ќе пристигне во официјална посета на Република Северна Македонија.

Во рамките на посетата, како што информираа од УНФПА, предвидени се средби со премиерот Зоран Заев, со претставници на партнерските организации на УНФПА во државата, како и други организации во рамките на соработката на УНФПА со Северна Македонија.

Армитаж во последните 25 години работи на промоција на женското здравје, развој и човекови права. Учествувала во неколку мисии на УНФПА во Африка, Блискиот Исток, Источна Европа и Латинска Америка.

 

0 Коментари

Остави коментари