Редици пред град Скопје - се делат субвенции за велосипеди и електрични тротинети за скопјани
Foto

Редици пред град Скопје - се делат субвенции за велосипеди и електрични тротинети за скопјани

Со маски и на дистанца од два метри, почитувајќи ги правила за заштита од коронавирусот, граѓаните денес застана во редици пред градското собрание. Барака 16 беше нивната крајна цел, таму сите лично поднесуваа барањата за доделување на субвенции за велосипеди и електрични тротинети, купени од почетокот на оваа година.

Со овие поволности на Град Скопје граѓаните ќе добијат поврат на сретства за купен велосипед во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3000 ден, односно 30% за електричен тротинет, но најмногу 7000 денари.

Дел од граѓаните иако сакаат да ги искористат поволностите сметаа дека во време на коронавирус поднесувањето можеше да биде поинаку, за други пак, ова е одлична понуда која не се пропушта.

„Од кога чекате? Едно 45 мин. Во моментов не ми пречи а дека можеше поинаку да се организира, има кој да мисли за тоа.“

„Ова е екстра, супер, на дистанца, подобро не може да не биде.“

„Требаше поинаку, а не да се чека, најмалку 2 саата ќе чекам претпоставувам, ама тоа е.“

„Поради корона вирусот требаше електронски да се аплицира, ова е под секое човечко достоинство.“

Повикот за доделување субвенции започна денeс а ќе трае се до 30 ноевмри оваа година, или до реализирање на сретствата, а ќе се спроведуваат по принципот „прв дојден прв услужен.“

Оваа година град Скопје одвојува од буџетот 10 милиони денари за овие субвенции, односно 8,5 милиони денари за велосипеди а остатокот од 1,5 милион денари за електрични тротинети. Градот со ова ќе субвенционира 2800 велосипеди и 215 електрични тротинети.

Скопје прераснува во велоград, а со тоа и потребата за велосипедски патеки .Од Град Скопје информираа дека во континуитет се работи на подобрување на велосипедската инфраструктура, и се надеваат дека граѓаните се повеќе ќе користат алтернативен превоз. Оттаму информираат дека претходно, за 2018 и 2019 година, биле доделени вкупно 7255 субвенции за граѓаните кои што купиле велосипед и вкупно 313 субвенции за граѓаните што купиле електричен тротинет.

0 Коментари

Остави коментари