Ред Бул му го понудиле на Алонсо местото на Гасли?
Foto

Ред Бул му го понудиле на Алонсо местото на Гасли?

Ред Бул му го понудилe местото на Пјер Гасли на двократниот шампион во Ф1, Фернандо Алонсо. Тоа се случило за време на британското гран-при оваа година, но биле одбиени, тврди шпанско издание „Мундо Депортиво“.

Алонсо се повлече од Формула 1 на крајот на 2018 година, но неговото враќање се уште се смета за можно во 2020 година.

Иако од Ред Бул до неодамна изјавуваа дека нема да го заменат Пјер Гасли среде сезона, тоа сепак се случи неколку дена по одржувањето на Гран при на Унгарија. На крајот, Гасли ќе биде заменет со Александар Албон од тимот на Торо Росо.

Според „Мундо Депортиво“, не Алонсо, туку Ред Бул први оствариле контакт со него.

Ова не е првпат Алонсо да се поврзува со Ред Бул. Адријан Њуи откри дека тие биле близу до негово привлекување во 2007 година. Алонсо откри пак дека Ред Бул му понудиле и место за сезоната 2019, но тие негираат дека тоа е вистина.

0 Коментари

Остави коментари