Ред Бул ќе го промовира својот нов болид на 13 февруари
Foto

Ред Бул ќе го промовира својот нов болид на 13 февруари

Првиот Ф1 болид на Ред Бул, кој ќе има погонска единица на Хонда, ќе го направи своето деби наредната недела на 13-ти февруари.

Минатата година новиот автомобил на Ред Бул излезе на патеката „Силверстоун“ пред да започнат тестовите, за време на еден од нивните два денови за снимање видео-материјали. Оваа година, тимот не дава детали дали ова повторно ќе се случи.

Мерцедес, исто така, ќе има корист од „филмскиот“ ден, кој е ограничен на 100 километри и користи само егзибициски гуми. „Сребрените стрели“ ќе ја претстават својата машина за сезоната 2019, исто така, на 13-ти февруари.

Хаас денес го претстави датумот за премиерата на нивниот нов автомобил – 7 февруари. Значи, единствениот Ф1 тим кој нема датум за за промоција на својот автомобил за следната сезона во Формула 1 е Вилијамс.

Клучни датуми:

7 февруари – премиерата на болидот на Хас
11 февруари – премиера на болидот на Торо Росо
12 февруари – премиерата на болидот на Рено
13 февруари – премиерата на болидот на Ред Бул, Мерцедес и Рејсинг Поинт
14 февруари – премиерата на болидот на Мекларен
15 февруари – премиерата на болидот на Ферари
18 февруари – премиерата на болидот на Заубер

18 – 21 февруари – прв пред-сезонски тест
26 февруари – 1 март – втор пред-сезонски тест.

0 Коментари

Остави коментари