„Рециклирај и патувај“ – бесплатен јавен превоз во Рим во замена за пластични шишиња
Foto

„Рециклирај и патувај“ – бесплатен јавен превоз во Рим во замена за пластични шишиња

Рим почна кампања за намалување на загадувањето, па сега во италијанската престолнина, со рециклирање пластични шишиња може да добиете бесплатно возење во подземната железница.

На три станици во Рим, патниците имаат можност да рециклираат пластични шишиња во автоматите, за возни билети и така да го добијат својот билет за метрото.

Иницијативата „Рециклирај и патувај“, ја покрена римската градоначалничка, Вирџинија Раги. Тест-периодот, со три станици, ќе трае 12 месеци, а ако е успешен, ќе се вклучат и други станици во подземната железничка мрежа.

0 Коментари

Остави коментари